Лекси Џонс има 19 години и е ќерка на познатиот музичар Дејвид Боуви и супермоделот Имам, иако не личи многу на своите родители.
Девојчето со пегаво лице иако има славни родители, сепак детството го има помината надвор од медиумите благодарени на родителите кои не сакале да ја експонираат.
Лекси чие право име е Александрија Захара Џонс (Џонс е правото презиме на Боуви) живее во Лос Анџелес и се обидува да се пробие во светот на уметност, на својот Instagram профил напиша дека не ја видела својата мајка цели 6 месеци и дека многу и недостига која живее во Њу Јорк.
„Имам 19 години и сум уште дете и ми фали мајка ми„
Целото семејство се повлече од јавниот живот пред смртта на познатиот музичар. Боуви и Имам се венчале во Швајцарија во 1992 година а биле во брак се до 2016 кога тој почина од рак на црниот дроб. Лекси им е единствено дете но има и полубрат, Данкан Џонс, кој е син од првиот брак на Боуви со Енџи. Иман од порано има изјавено дека нивната ќерка не сака да трне по нивните чекори, да биде супер модел или музичка ѕвезда и во една прилика пред неколку години, 64 годишната манекенка, изјави:
„Секоја агенција и сите агенти ми се јавија за да ми понудат да ја застапуваат Лекси како модел но јас не сакав бидејќи знаев што ќе значат ангажманите за неа и нејзиното детство особено што има познати родители“.
„Лекси мислеше дека премногу ја заштитувам но и реков дека ќе мора да причека. Ништо нема да и побегне, живеј го животот додека можеш бидејќи еден ден ќе стане јавен и се ќе се промени“.