Лекси Џоунс, најмалото дете на Дејвид Боуви, открила дека заради коронавирусот шест месеци не ја видела мајка си, манекенката Иман.
19 годишната Лекси моментално е во Лос Анџелес, а мајка и е во Њујорк.
– Ве молам останете дома. Не сум ја видела мајка ми шест месеци зашто живееме во различни делови од земјата и навистина е тешко да се напушти Њујорк додека ова се случува. Но и јас сум само дете, таа ми недостасува, па ве молам не бидете расипувачи на забави за да не мора да поминат две години за да ја видам- напишала Лекси во емотивна објава.
Иман и Боуви биле во брак од 1992 година сè до неговата смрт во 2006 година. Од првиот брак Боуви го има синот Данкан Џоунс.