21-годишната Медоу, ќерка на трагично починатиот актер Пол Вокер, објави невидена заедничка фотографија за неговиот роденден со трогателна порака.
“Во моментот кога сфатив дека сме близнаци. Среќен роденден на убава душа”, напиша таа покрај фотографијата што ја сподели на роденденот на нејзиниот татко.
Нејзините следбеници напишале дека пораката ги трогнала и и оставиле бројни пораки за поддршка.
„Пол сè уште живее во тебе“, „Среќен роденден на овој прекрасен ангел“, „Те сакам од се срце“, „Ова ме расплака“, беа некои од коментарите.
Пол Вокер почина во ноември 2013 година на само 40 години. Тој денес ќе наполни 47 години.
Медоу стапи во врска со Ребека Сотерос, а за време на неговата смрт девојчето имало 14 години.
По смртта на нејзиниот татко, таа остана блиска со неговиот најдобар пријател, актерот Вин Дизел, а неодамна објави фотографија со неговите деца.