Ќерката на Арнолд Шварценер, која е во брак со еден од најатрактивните холивудски актери, е бремена, објавија неодамна светските медиуми.
Крис Прат (41), ѕвезда на серијалот „Паркови и рекреација“ и филмовите „Светот од ерата на диносаурусите“ и „Чувари на галаксијата“, и Кетрин Шварценегер (30) наскоро ќе станат родители, а идната мајка е снимена за време на опуштената прошетка покажувајќи го стомакот во напредната бременост. Иако долго време ја криеше бременоста, Кетрин неодамна реши да зборува за сè, откривајќи во таа пригода дека е пресреќна за доаѓањето на првото дете, а сега конечно реши да го покаже својот стомак пред јавноста.
Кетрин Шварценегер, најстарата ќерка на славниот актер и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, се ожени со актерот Крис Прат на приватна церемонија во Калифорнија на крајот на минатата година. Церемонијата се одржа во Монтезит, во познатиот ранч Сан Сидро. Крис Прат, патем, никогаш не криел колку е важно неговото семејство во неговиот живот, а неколку пати признал дека сака да има многу деца.