Американската манекенка и актерка Каја Џордан Гербер (18) беше фотографирана како шета по улиците на Лос Анџелес во тесни сини хеланки, а во таа прилика таа ја покажа својата совршена линија.
Каја е доказ дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото, затоа што очигледно наследи многу од нејзината мајка, славната манекенка Синди Крафорд (54), која пред триесет години палеше и жареше на светската модна сцена и беше една од првите супермодели.
Каја носела сини хеланки и син спортски градник, откако излегла во еден од баровите во Холивуд, без да ја отстрани заштитната маска од лицето, што неодоливо потсетува на нејзината мајка.
Она што може да се забележи е дека Каја неодамна извади сини прамени на коса и дека нема шминка.
Градите беа видливи во спортскиот градник, а таа сè уште имаше гипс на раката, бидејќи неодамна го скрши зглобот, па сеуште се опоравува.
Целата комбинација ја искомбинира со темни очила за сонце и бели патики, додека носеше кафеава кожна торба преку рамењата.
Да се потсетиме, Каја и Синди неодамна беа фотографирани заедно во непрепознатливо издание кога и покрај карантинот за време на пандемијата „Ковид-19“, отидоа на прошетка, исто така со заштитни маски, кои се задолжителни при напуштање на куќата во Калифорнија.
Каја ги следеше стапките на мајка си уште од рана возраст, а веднаш штом наполни 16 години, таа се впушти во водите на професионален модел.
Покрај тоа што се појавува на ревиите на најпопуларните дизајнери, успешната девојка се појави и на насловните страници на модните списанија, а меѓу последните што ги краси е и насловната страница на италијанскиот „Vogue“ за месец мај.
Таа редовно споделува со своите обожаватели голи фотографии на својот Инстаграм профил, каде секој може да следи што прави убавата манекенка за време на изолацијата и во слободното време. Во галеријата можете да видите секси фотографии од младата Каја.