Клои Кардашијан не престанува да не шокира со нејзиниот изглед на фотографиите на Инстаграм.
Таа објави фотографија на која позира во латекс минич и дуксер со капа, и многумина забележаа дека нејзиното лице изгледа сосема поинаку.
„Дали си тоа ти? Или Кајли? Или некој друг модел?“, „Дали е тоа Ариана Гранде?“, „Ова дефинитивно не си ти“, „Чекај, ова не е Кајли?“, „Изгледаш сосема поинаку“, „Навистина мислев дека ова е Кајли“, „ Чекај, сакате да ми кажете дека ова е Клои? “, „Не верувам дека е таа “, се прашуваа нејзините следбеници.
Клои веќе некое време беше критикувана за користење премногу Фотошоп, а некои тврдат дека станува збор за пластична операција.
„Клои не се грижи за коментарите што ги добива од луѓето кои тврдат дека не личи на себе. Таа смета дека изгледа одлично и не и е грижа што мислат луѓето сè додека таа е среќна“, изјави извор UsWeekly.