Книга за британското семејство која ќе крене бура: Сѐ на едно место за конфликтот меѓу Меган и Кејт Мидлтон!

popara5 мај, 20202min00
кејт

Генерации на членови на најпознатото кралско семејство во светот, од принцезата Дајана до Меган Маркл, ги полнеа просториите на палатата Кенсингтон со своите расправии и дрско однесување, откриваат инсајдерите во новата книга која ги открива тајните на британското кралско семејство.

„Нема што да се крие“, рече еден од вработените во Палата Кесингтон, односно британскиот автор на книгата„Kensington Palace: An Intimate Memoir From Queen Mary To Meghan Markle“, Том Квин.

Пред две години, многумина беа изненадени од фактот дека Меган Маркл и принцот Хари сепак нема да се преселат во големиот стан во палатата Кенсингтон, кој е веднаш до домот во кој живеат Кејт Мидлтон и принцот Вилијам со своите деца.

Тогаш отидоа во имотот Виндзор каде се наоѓа Frogmore Cottage, куќата што ја добија од кралицата Елизабета Втора како подарок за венчавката.

Двојката ја објави одлуката откако станот е вратен на сметка на даночниот обврзник. Тоа беше еден од првите знаци дека браќата веќе не се во толку блиски односи како порано, како и дека јатрвите не се согласуваат добро.

Но, Меган не најде утеха ниту во имотот Виндзор, дури и откако беа потрошени повеќе од 2 милиони фунти за реновирање и уредување на Frogmore Cottage, повторно на трошок на даночните обврзници, додека принцот Чарлс плати од џеб за раскошниот дизајн на ентериерот.

Кога Меган и принцот Хари се преселија во куќата по раѓањето на нивниот син, Арчи, инсајдерите во Кенсингтон Палас откриле во книгата дека Меган сфатила дека таму животот е како да живееш во руска степа.

Растојанието од гламурозниот живот во Лондон беше премногу за неа. Неколку месеци подоцна, тие објавија дека се преселуваат во Америка, и иако ги поминаа првите неколку месеци во Канада, се покажа дека тоа е само привремено решение. Поточно, Меган сака да живее во родниот Лос Анџелес.

Конфликтот со Кејт Мидлтон


Кога Меган пристигна во Велика Британија, преселувајќи се во куќата на Хари на имотот Кенсингтон, Кејт Мидлтон со задоволство ја прифатила, откриваат инсајдерите.

‘Кејт е всушност една од најљубезните луѓе во кралското семејство, таа не дозволува животот во раскошниот замок и кралското семејство да ја погоди во глава. Таа е љубезна кон персоналот и беше многу срдечна кон Меган кога се пресели. Но, тензиите започнаа кога Меган неизбежно сфати дека иако е војвотка, таа не е во брак со идниот крал. Тоа беше најтешко за прифаќање “, се вели во книгата.

„И иако Хари ја сакаше својата куќа која е дел од палатата Кенсингтон, Меган беше свесна дека е мала во споредба со огромниот станбен комплекс каде живеат Кејт и Вилијам“.

Друг извор во книгата вели дека Меган била под влијание на промената на статусот:

„Да се биде дел од кралското семејство на крајот ги погодува сите во главата – и по некое време, Вилијам и Хари почнаа да се среќаваат без жените за да ги решат несогласувањата.

Што точно ја предизвикало преселбата на Хари и Меган во Виндзор?

„Кејт беше преплашена кога Меган му викаше на еден член од нејзиниот персонал. Овој потег дефинитивно беше почеток на разговорот за напуштање на палатата Кенсингтон. Како и многу луѓе кои не се навикнати на служење, Меган го претерала; па од една страна таа сакаше да биде како Дајана, народната принцеза, а од друга, да трча наоколу “, вели поранешната вработена.

Од гледна точка на многумина вработени во палатата, таа е доминантен партнер во бракот, а како што самиот Хари рече:

„Она што Меган ќе го посака, Меган тоа и ќе го добие“.


Од друга страна, Меган се загрижи дека луѓето ќе ја гледаат одозгора или ќе третираат поинаку затоа што таа е еднаш  разведена. Таа беше делумно во право, затоа што навистина има такви во кралското семејство кои ја гледаат на тој начин, и таа тоа го знае, додаде инсајдерот од Кенсингтон.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma