Nissan GT-R50 by Italdesign дебитираше како прототип уште во 2018 година. Автомобилот настанал во чест на два јубилеја- 50 роденден на легендата на Nissan, моделот GT-R, и половина век постоење на фирмата Italdesign.
Две години подоцна, истите партнери ја претставиле продукциската верзија на споменатиот концепт.
Автомобилот требало премиерно да биде прикажан на саемот во Женева во почетокот на март, но манифестацијата беше откажана, а со тоа и премиерата.
Два месеци подоцна Nissan објави фотографии и технички детали за ова исклучително возило.
Nissan GT-R50 by Italdesign е базиран на моделот GT-R, што значи дека го движи рачно направен 3.8-литарски твин турбо V6 кој е унапреден во одделението на Nismo.
Моторот испорачува 720 коњски сили, додека максималниот обрт е 780 Nm. Податоците за перформансите сега за сега не се соопштени.
Серијата од лимитирани 50 примероци му дава посебен ексклузивитет, но ја условува и неговата астрономска цена од неверојатни 990.000 евра. Тоа е пет пати повеќе од сумата која би ја издвоиле за регуларен Nissan GT-R Nismo.
Среќните сопственици првите модели ќе можат да ги добијат кон крајот на 2020 или почетокот на 2021 година.