Секое распкинување е тешко, но ако раскинете со некој од наведените знаци, не обидувајте се да побарате прошка
Скорпија
Верувај ми, не сакаш да вознемириш личност родена во овој знак. Скорпијата не се двоуми да оди до крај кога е во прашање одмазда, ако нивната страст е сè уште разпламната, може да биде крајно зло. Она што е пострашно од сè, е дека вие дури и не знаете во што е проблемот. Само што ќе помислите дека сте во прекрасна и романтична врска, одеднаш ќе направат нешто толку сурово, што целиот свет ќе ве сврти. Многу е можно проблемот да датира од пред месец или повеќе, но вие никогаш не сте ја забележале грешката. Скорпија само ги чекала своите пет минути.
Бик
Една од доблестите, но и една од неговите најлоши особини е упорноста. Што наумил Бикот, тешко дека било кој или што ќе го спречи. Ако сте ја разнишале неговата доверба на било кој начин, подобро сами соберете си ги работите и исчезнете. Не обидувај се да молиш и не се надевај. Не чекајте тој да го надмине тоа, бидејќи НЕМА да се случи тоа! Во овие квалитети тие се многу слични на Скорпијата. Бикот ќе почека додека не заборавите, а потоа ќе ви ја послужи одмаздата ладна и тоа многу болно.
Овен
Со овој знак, работите се многу поедноставни, но не помалку болни. Ако повредите Овен, тие ќе ве повредат, заборавајќи ве многу лесно како никогаш да не сте постоеле. Тој брзо ќе најде замена далеку подобра и поубава од вас. Не обидувајте се да изнудите сожалување, ќе станете жртва и предмет на неговата одвратност. Тие едноставно немаат сочувство кон оние што ги повредиле.