Кога ќе слушнете дека Џони Деп изгубил 650 милиони долари ќе си помислите “сирот тој”

popara21 јули, 20201min00
Annotation 2020-07-21 212651

Холивудскиот глумец е сопственик на приватен остров, бројни недвижнини, а и без разлика на својата заработка успеа да дојде до раб на банкрот.

Холивудскиот легендарен актер Џони Деп (57) и неговата поранешна сопруга и глумица Амбер Херд (34) се судат на Врховниот суд во Лондон, а покрај “валканиот веш” од нивниот брак, исплива и Деповата финансиска ситуација, која не е добра откако ја изгуби главната улога во франшизата на филмот “Пиратите од Карибите”.

Имено, минатата недела во судот кружеше информација дека Деп во 2016та година “изгубил” дури 650 милиони долари, откако од страна на поранешната жена Амбер беше окарактеризиран како “насилник во семејството”.

Во текот на сведочењето кажа дека задоцнил на 30-тиот роденден на својата поранешна сопруга бидејќи бил на состанок со своите адвокати.

– Знам дека звучи лошо, но за второто и третото продолжение на “Пиратите од Карибите” заработив 650 милиони долари. Кога го отпуштив својот поранешен менаџмент не само што ги изгубив тие пари туку и многу повеќе, бидејќи открив дека не го плаќале мојот данок дури 17 години. Беше толку напорен состанок- рече Деп.

Имотот на славниот убавец според магазинот “Форбс” е проценет на околу 200 милиони долари, но заради проблемите со поранешните вработени и поранешната сопруга, како и трошоците за судењето не не чуди што пред неколку години американските медиуми почнаа да пишуваат дека Деп е на раб на банкрот.

Да се потсетиме Деп, во текот на својата богата кариера глумеше во 71 филм, а заработи стотици милиони долари. Славниот глумец не е познат по штедењето, но познато е дека е великодушен кон членовите на своето семејство и дека сака да купува недвижности.

Џони во 1995-тата година на своето семејство му купи фарма во Кентаки, а добија и стан во Лос Анџелес од него. Пред 3 години е објавено дека глумецот потрошил дури 75 милиони долари на куќи и станови. На Холивуд Хилс има пет куќи, а во останатите делови на Лос Анџелес уште пет стана.

Купи вила во Франција но таа мораше да ја продаде заради долговите во кои се најде. На сметка на своите улоги зарсботуваше 60 милиони долари годишно.

Пред 16 години Деп купи приватен остров на Бахамите за три милиони долари. Плажите на островот ги именуваше по своите деца и менторите Марлон Брандо и Хантер С. Томсон, како и покојниот колега Хит Леџер. На тој остров е одржана и неговата венчавка со Амбер Хеард во 2015-тата година.

Глумецот месечно троши дури 30 000 долари на скапи вина. Обожува умтеност, па не се воздржува да даде милиони долари на скапи уметнички дела.

Деп со широки раце, дава пари на пријателите, како и на хуманитарни организации. Милиони долари донираше на британските и американските болници, бидејќи една од нив го спаси животот на неговата ќерка Лили Роуз.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag