Холивудската starвезда Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон беа првите познати личности кои се заразија со корона вирус.
Том Хенкс зборуваше за борбата со ковид-19 во шоуто кое го води Стивен Колберт. Актерот изјави дека неговата сопруга го изгубила чувството за мирис и вкус, а тој не го изгубил. Хенкс рече дека целиот процес е болен.

„Имав чувство дека моите коски се направени од крекери. Кога одев, имав чувство дека секоја коска во моето тело пука …“, рече Том, додавајќи дека го болел задникот и не можел правилно да седи.