Популарната онлајн страна за запознавање на партнери OkCupid, на база на милион пребарувања и статистика, составила листа на најпосакувани години кога е во прашање потрагата за потенцинјален партнер и партнерка. Резултатите од оваа анализа воопшто не се изненадувачки.
Според истражувањето жените во главно преферираат мажи 2 – 3 години постари од нив, се до 35 година од животот кога почнуваат да преферираат 1 – 2 години помлади мажи. Кога ќе се проучи таблицата која јасно покажува како стојат работите, ќе се дојде до заклучок дека жените во главно преферираат мажи кои се нивно годиште:
Но ситуација кај мажите е сосема поинаква. Тие без обзир колку години имаат , повеќе сакаат жени – девојки кои се во раните дваесетти. Да бидеме попрецизни, најпосакувани години се 20, 21, 22 и 23, а запознавањето на партнерка на ова годиште е подеднакво и кај мажите од 25 и 50 години:
Иако не е некоја новост дека мажите сакаат помлади жени, поприлично е шокантен фактот колку млади сакаат да бидат нивните партнерки. Интересно за забележување е и она што мажите го перцепираат како атрактивно и посакувано не созрева со текот на нивните години, туку останува исто. Според резултатите на оваа листа на исто мислење се во врска со годините на својата партнерка и оние на 50 години и оние на 25 години.