Кој е навистина поиздржлив- мажите или жените?

popara20 мај, 20201min00
жени

„Во животот предоцна сфатив дека треба да бидам послабиот пол“, изјавила холивудската дива Кетрин Хепберн.

Силате веќе одамна не се мери со туркање со раце, туку со научни факти, а тие се на страната на жената!

“Зошто за пример за сила се вели дека некој “има мадиња”? Споредбата не е воопшто добра затоа што тестисите се исклучителен осетлив орган. Ви вило подобро да се каже дека некој “има вагина”, бидејќи вагината е поотпорна и поиздржлива”, констатирала кулнтата американска комичарка Бети Вајт кога ја прашале за женската сила. Жените и научно се поиздржливи од мажите.

На оваа тема се правеле и голем број на истражувања, а едно ги вратило научниците назад, пред 200 години. Биле споредени бројот на жртви заради глад во Ирска, Шведска и Украина, епидемија на мали сипаници на Исланд и чувањето на робови во САД. Се утврдило дека под истите услови мажите почесто умирале, а причината лежи во генетиката.

На жените во прилог им оди ситната рибонуклеинска киселина која се смета за главен регулатор на имунолошкиот систем. Микро РНК е важен за регулирање на протеините кои влијаат на растот на здравите клетки и го дефинираат имунолошкиот одговор на организмот. Научниците објаснуваат дека женскиот организам во текот на еволуцијата морал да го “набилда” имунитетот за да може да ја издржи бременоста во тешки услови.

Што може да ги спаси жените ако загусти? Она што многумина го презираат- масното ткиво! Масното ткиво заедно со бавниот метаболизам во однос на мажите создава залихи на енергија која може да спаси живот во околности како што е гладување. Истражувањата покажале дека кај болести во терминална фаза жените подолго преживуваат од мажите, а исто така, кога ќе им се даде некоја задача, мажите порано се откажуваат од жените.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag