Кој е омилениот бренд за чанти на кралицата Елизабета? Поседува преку 200 од истиот

popara9 април, 20202min00
kralica elizabeta

За разлика од сите останати дами кои доаѓаат од британското кралско семејство, сепак онаа што е најважна – кралицата, негува многу ненаметлив стил, но многу истенчен вкус, иако веројатно никогаш не би го помислиле тоа.

Модниот фокус на кралското семејство за прв пат беше насочен пред три до четири децении, благодарение на принцезата Дајана.

Лејди Д беше таа што во британскиот дворец ги донесе Versace, Dior i Gucci во големи количини, занемарувајќи го очекуваниот интерес кон познатите британски брендови кои се промовираат како луксузни, па дури ни кон познатите дизајнери од Велика Британија.

Кејт Мидлтон избира британски дизајнери, но претежно, најлојална е на дизајнерските парчиња потпишани од Alexander McQueen, додека Меган Маркл носи практично се што ќе и се допадне, потписот на етикетата за неа воопшто не е важен.

Меѓутоа, коа е во прашање кралицата Елизабета тогаш работите стојат поинаку.

Кралицата е лојална на познат британски бренд, кој се заснова на традиционалното занаетчиство, датира од 1940 година.

Тоа е брендот Launer, помалку познат во нашиот регион, но многу ценет во Велика Британија.

Чанта со потпис Launer за прв носела мајката на кралицата Елизабета.

Мајката на кралицата се појавила со црна кожана чанта со потпис на Лаунер во 1950 година и својата љубов кон брендот ја пренела на ќерка си.

Цените на чантите се движат помеѓу 1.000 и 2.000 евра.

Кралицата Елизабета секоја година добива пет custom made модели од брендот, претежно во црна боја, но со разлика во ситни детали – како завршниот слој на материјалот, подолги или пократки рачки (прилагодените рачки се исто така најважните детали, со оглед на тоа дека за кралицата е исклучително важно за комуникација и поздравување), тука има и длабочина на моделот и прегради.

Иако оваа чанта можеби не ви го привлекува вниманието, ако погледнете подобро, кога ќе имате можност, ќе откриете дека станува збор за вистински квалитетен и безвременски модел.

Ваков лакиран црн модел со потпис на Launer кралицата носи веќе четири децении!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag