Ако мислевте дека во светот на славните, романтичен состанок подразбира луксузни ресторани и друштво на суперsвезди, не сте во право – понекогаш тоа е само дечко, девојка и нејзиното куче во паркот.
Емилија Кларк (33), која не освои со улогата на Денерис Таргериан во „Игра на тронови“, го крие својот живот од очите на јавноста, но колку што е познато, во моментов нема дечко. Сепак, тоа може да се смени или ќе се смени деновиве, со оглед дека папараците ја фатиле на романтична прошетка со непознат млад човек.
Во понеделникот, актерката го шеташе своето куче Тед во еден лондонски парк во друштво на еден млад човек кој е непознат за јавноста, пренесува Дејли Меил. Обично облечени, цело време разговараа и се смешкаа, а потоа седнаа во тревата еден до друг и го продолжија разговорот.
Иако тој не е позната личност, ваков висок и привлечен, дефинитивно можеме да го замислиме толку покрај Емилија на црвениот тепих во одреден момент во иднина и ги поддржуваме, особено затоа што актерката неодамна призна дека нејзиниот љубовен живот е „неуреден“.
Таа раскина со режисерот Чарли Мекдауел минатата година по една година љубов и призна дека претходно била во врска со актери, но тоа повеќе не го прави.