Со оглед на тоа што поп-пејачката Дуа Липа, раперот и продуцент Пост Малон и поп-пејачот Хари Стајлс ги објавија своите нови, успешни и долгоочекувани албуми пред неколку месеци, странските музички критичари им предвидуваат добар остаток од годината и уште подобар почеток следната година – кога би можеле да бидат номинирани за некои од најголемите категории на Греми наградите во 2021 година.
Гледајќи според големата четворка- односно четирите главни категории – албум на годината, песна на годината, нов најдобар уметник на годината и достигнувањето на годината: музичките критичари наведуваат дека горенаведените уметници би можеле да победат во некои од овие категории.
Сепак, на списокот се придружи и Тејлор Свифт со неодамна објавениот албум „Folklore“, но и Лејди Гага, со нејзиниот успешен албум „Chromatica“.
Номинациите за Греми за 2021 година се однесуваат на периодот од 1 септември 2019 година до 31 август 2020 година – сите албуми и синглови објавени по закажаниот рок ќе се сметаат дури за следната година, односно 2022 година.