Емили Ратајковски не престанува да ги интригира своите 26 милиони следбеници на Инстаграм, дури и по провокациите дека изгледа како скелет. Манекенката се пофали со нова тетоважа, поради што мораше да се соблече целосно гола.
Тоа е тетоважа со нејзиното корисничко име на Твитер и Инстаграм, „emrata“, која реши да ја стави на долниот дел од грбот, поточно над задникот, па ја покажа како лежи на креветот, целосно гола.
Иако сите се навикнати на нејзините провокативни натписи кои ги објавува секој ден, таа ги поместува границите со ова, но сепак призна дека тетоважата не е вистинска.
„Би сакала да кажам дека е трајна“, напиша Емили.
Некои обожаватели беа воодушевени иако тетоважата нема да остане врежана на нејзиното тело засекогаш, а имаше и такви што се прашуваа кој ја фотографирал во оваа жешка поза.
Сликата има повеќе од милион и пол лајкови до сега, а подолу можете да видите како изгледа „emrata“ над задникот на Емили, како и некои други нејзини жешки изданија: