Кијану Ривс несебично го дели хонорарот на снимањата, нема телохранители, а ја одби улогата во филмот “Heat” поради претставата Хамлет во Канада.
Актерот Кијану Ривс (55) одамна ги освои симпатиите на јавноста со едноставноста и облекувањето кое некои го критикуваат, а никогаш не се одзивал на нечиии критики, па ниту сега на неговата врска со уметницата Александра Грант (46).
Кијану е виден во саботата во автомобил со девојката додека поминувал покрај плажа во Малибу. Миленикот на жените накратко застанал и ги поздравил фотографите, а на себе имал спортско сако и капа. Ривс во текот на пандемијата пуштил брада и коса, а му се гледаа белите влакна. Зад него се наѕирнувала неговата девојка Александра.
Инаку, имотот на глумецот се проценува на 360 милиони долари, иако тоа многумина не би го помислиле бидејќи не се расфрла со своето богатство. Позната е неговата љубовна приказна како го изгуби детето со колешката Џенифер Сим, а тогаш таа загина во несреќа.
Кијану не живее во вила како неговите популарни колеги, носи обична облека, се вози со подземна железница и им помага на бездомниците со кои често знае да испие и едно пиво. На црвениот тепих се појавува кога мора, поради премиерите на филмовите. Важи за голем хуманитарец, а кога на хитот “Matrix” заработи 114 милиони долари, и даде 80 милиони на екипата за специјални ефекти и шминка. Додека некои актери се караат за хонорарите и поради нив се откажуваат од проекти, Ривс се согласил на помала плата за филмовите “The Replacements” i “The Devil’s Advocate”, за неговите колеги Џин Хакман и Ал Пачино да добијат поголем хонорар, а истовремено да не се надмине буџетот.
Позната е и приказната дека му помогнал на еден работник кој работел на изградбата на сетот за “Matrix”. Актерот слушнал дека е многу сиромашен и едвај го издржува семејството, па му дал 20.000 долари. Нема кој не сака да соработува со него бидејќи ги памти имињата на луѓето на сетот и разговара со нив како да се стари пријатели. “Парите се последна работа на која мислам, бидејќи само со ова што досега го имам заработено би можел да живеам следните неколку векови”, изјавил своевремено.
Ривс нема телохранители и кога оди во театар седи меѓу публиката и не бара посебен третман. На актерот не му е до славата и сака сам да отиде во кино, а во 2010 година се појавија негови фотографии на кои сам јаде сендвич на клупа и изгледа тажно. Тоа доведе до интернетскиот феномен “Тажниот Кијану” и прогласување на 15 јуни за неофицијалниот ден “Разведри се, Кијану” на Facebook.
Тој многу сака да чита, а еден од омилените книжевници ми е Марсел Пруст. Ги рецитира напамет Шекспировите сонати и ја одбил улогата во филмот “Heat” на Мишел Мана, за да го игра Хамлет во театар во Канада. Инаку во април се појави информација дека актерот планира свадба со Александра, но тој се уште ништо не искоментирал за нивната врска ниту за тие информации.