Кој не пробал „пијани банани“ не знае што е колач: Едноставен рецепт кој ќе ве воодушеви!
13 ноември, 2020
Состојки
1кг банани
400гр мелени бисквити
1/2 л вино
50гр слатка павлака
400 гр кокос
250 гр маргарин
350 гр чоколадо за готвење
Подготовка:
Истурете го виното во шерпата и ставете го на оган додека не зоврие, а потоа додадете банани да бидат во виното две минути. Изматете ја слатката павлака и измешајте ги мелените бисквити. Се топи маргаринот и се меша кокосот со него.
Посипете мелени бисквити на плех на кој ќе ги распоредите бананите и растопеното чоколадо. Од мешавината на бисквити и слатка павлака направете топчиња и наредете ги на плех, а потоа направете топчиња од маргарин и кокос, и наредете ги над нив.