Oва е тетоважата што ја препорачува хороскопскиот знак, дали навистина би ставиле вакво нешто на себе?
Тетоважата е нешто што ќе го носите на себе до крајот на животот, затоа треба внимателно да размислите пред да се истетовирате.
Мотивот што ќе го истетовирате на себе треба да биде нешто што навистина го сакате и нешто што ќе биде од големо значење за вас. Да тетовирате нешто само затоа што е во одреден период тоа е популарно е наголемата грешка што можете да ја направите. Но секако, како се популаризираше тетовирањето, не е необично луѓето на овој начин на ги “украсуваат” своите тела, за да бидат кул или да можат да се пофалат дека имаат тетоважа. Ѕвездите на вратот кои ги направи Ријана, еден период девојките масовно ги копираа – и тоа само затоа што е убава и ја носи Ријана. Овој хороскоп е само за забава, немојте предлозите да ги сфатите сериозно и веднаш да резервирате свој термин за тетовирање.
Овен – стрелка
Кога Овенот би се обидел својата енергија да ја пренесе на тетоважа, еден од предлозите би бил стрелка. Овните секогаш некаде одат, секогаш планираат чекор напред, имаат свои замислени прашања во животот, поради што една или неколку стрелки се супер начин својата карактеристичност да ја покажат преку тетоважа.
Бик – палма
Биковите хедонисти обожуваат да уживаат во животот, особено во заслужените одмори. Сигурно и сега се замислуваат на некоја плажа со море како кулираат со сладолед и ладна пијачка. Затоа палма е нивната тетоважа.
Близнаци – крилја
Прица, крилја, пердув… ова се мотиви кои одлично ги објаснуваат Близнаците, бидејќи овој знак е секогаш подготвен да полета – сеедно дали се работи за реалниот свет или во неговите мисли.
Рак – датумот на раѓање на мајката
Овој знак е многу приврзан за своите најблиски, особено за своето семејство. Нема личност на светот која ќе им биде поважна од членовите на семејството, затоа не не изненадува дека идеалната тетоважа за нив е нешто што ќе ја покаже нивната љубов. Датѕмот на раѓање на мајката или друга личност од блиското семејство, координати за домот каде се израснати… тоа се мотивите кои се во целост Рак.
Лав – лав
Нема мали или скриени тетоважи за овој знак. Тие сакаат нивните тетоважи да се гледаат, да привлекуваат внимание, затоа сигурно тетоважата ќе ја стават на некој видлив дел од своето тело, а нема да се плашат и да направат нешто поголемо или во боја. Мотив кој е совршен за нив и кој надобро ги преставува е лав.
Девица – геометриска тетоважа
Девиците сакаат детали, необични форми, но во исто време не сакаат нивната тетоважа да биде многу голема или премногу видлива. Различните геометриски дизајни за нив се совршени. Можат да бидат детални колку сакаат,а добро ги презентираат и Девиците бидеќи нивните мисли постојано лутаат некаде, во различни насоки.
Вага – срце
Вагата како социјално суштество кое не може да живее без најдобриот пријател/пријателка или без дечко/девојка, преку тетоважата ќе сака да изрази колку се полни со љубов, а постои ли подобар мотив за тоа од срцето?
Шкорпија – роза
Шкорпиите се најстраствениот знак во хороскопот, а тетоважата која во исто време ќе ја прикаже оваа нивна страна, но и мистериозноста е розата. Идеално место на кое можат да ја стават тетоважата е некој дел од телото кој ќе биде сокриен од тугите, љубопитни погледи.
Стрелец – мапа на светот
Хороскопски знак кој сака патувања повеќе од било кој е Стрелецот, затоа единствена логичка тетоважа која им се препорачува – нешто поврзано оваа нивна страст. Мапа на светот е нешто што не би им пречело да им се најде на кожа.
Јарец – зборот кој го опишува
Јарците стојат со двете нозе цврсто на земја, не гледајќи на тетоважите како спомени на некои минати убави случувања и настани, туку како нешто што ќе ги потсетува на тоа кои се самите тие. Не се љубители на тетовирањето, но ако треба да стават нешто на себе – тоа би било некој збор што ќе ги потсети на вредностите што им се важни во животот.
Водолија – мандала
Тетоважата што ќе ја претстави Водолијата подобро од било што друго е мандала. Овој симбол го претставува универзумот, идејата дека животот никогаш не запира и сè е меѓусебно поврзано. Луѓето родени во овој знак се хуманитарци, оние кои повикуваат на промени во светот за на сите да им биде подобро…
Риби – пеперутка
Нежни и романтични, ове се луѓето родени во знакот Риби. Затоа за нив совршени тетоважи се оние кои оваа нивна карактерна линија ќе ја прикажат со едноставен мотив, а тоа е пеперутка.