Колку често и како треба да ги перете платнените маски?

popara19 април, 20201min00
maska3

За маската да ви овозможи заштита каква што ви треба, потребно е редовно да ја перете за да бидете потполно сигурни.

Корона вирусот сè уште трае, а ако ги следите препораките, веројатно носите и заштитни маски во затворен простор кога одите до маркет или аптека.

Ако користите памучна маска, многу е важно редовно да ја перете, а новата студија објавена во стручното списание “Lancet“ покажа дека вирусот може да биде присутен на надворешната површина на маската до седум дена.

„Нивото на вирусот кое може да се детектира е сè уште присутно на надворешниот слој на маската, седум дена“, се вели во студијата.

Значи, треба редовно да ја перете маската, и еве како треба да ја перете за да може сето тоа да има смисла.

Колку често треба да ја перете маската?

Се препорачува да ја перете после секоја употреба. Исто така е многу важно да не го допирате лицето додека ја отстранувате маската и да ги миете рацете добро и темелно по отстранувањето на маската.

Експертите советуваат да не се носи повеќе од 30 минути, бидејќи потоа заштитата што ја обезбедува е намалена поради навлажнување на маската.

Кој е најдобриот начин да ја исперете платнената маска?

Детергентите за бели алишта се најдобриот избор затоа што тие ги убиваат бактериите поефикасно отколку другите детергенти.

Перете ја маската во машината, на највисока температура што може според материјалот на маската.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag