Култната сцена од филмот „Кога Хари ја запозна Сали“ во која актерката Мег Рајан во еден Њу јорпки ресторан глуми оргазам на голем број мажи им ги отвори очите. Да жените знаат да одглумат оргазам. Секоја жена има посебна причина за тоа. А една студија покажала дека скоро секоја жена барем еднаш во животот одглумила оргазам.
Истражувањето е направено на 463 хетеросексуални жени на просечна возраст од 38 години и покажало дека секој трет оргазам е глума. Тоа е водено од др. Емили Харис од универзитетот Квиинс во Њу Јорк и таа ни објаснува дека тоа го најчесто фго прават жени кои имаат проблеми со постигнување на оргазам но има и такви кои веруваат дека партнерот ги преварил.
Иако најчесто причината е несигурноста и немањето самодоверба сепак испитаничките нагласиле дека не знаат како да разговараат со својот партнер за овој проблем. И поради тоа и заради не повредувањето на партнерот тие ссе одлучуваат да одглумат.
Тие исто така истакнале дека глумат и поради верувањето на партнерот дека тој е добар љубовник и за да не му го повредат егото.
Жените пак кои се декларирале како феминистки помалку глумат оргазам од они кои не го делат нисниот став. А според стручњаците тоа е поради фактот дека феминистките повеќе развговарат на оваа тема и дека се поотворени коа е во пражање нивната сексуалност, додека другите се посрамежливи и не сакаат да експериментираат и поради тоа не знаатт како да го достигнат оргазмот.