Најновото продолжение за британскиот таен агент Џејмс Бонд , под име „No time to die“ е најскап филм од истиот сериал, а како за споредба буџетот за овој филм е 216 пати поголем од првиот филм „Dr No“ односно 860 000 фунти..
Официјалниот буџет за снимањето на филмот е 200 милиони фунти според „Daily Mail“. Но сепак вистинскиот буџет е за четвртина поголем и достигнува 250 милиони фунти, но бидејќи британската влада решила да го ослободи од данок филмаџиите добиле 50 ммилиони бонус.
Претходните филмови во кои глуми исто така Даниел Крег, имале буџет помегу 100 и 120 милиони фунти. Овој филм ќе биде последен филм Џејмс Бонд во кој че настапува Даниел Крег, а вкупно е 25 остварување од серијалот за тајниот агент.
Премиерата на новиот филм беше закажана за април 2020 но истата е одложена поради корона вирусот и е поместена за ноември оваа година. Во прилог на овие информации за филмот погледнете го и трејлерот за последните авантури за најпознатиот британски агент: