Повеќето луѓе сакаат да имаат домашно милениче близу до нив, дури и кога одат на спиење затоа што, како што тврдат некои, секогаш го олеснува заспивањето. Но, дали сте размислиле колку е безбедно тоа за вашето здравје? Постојат различни и поделени мислења за тоа, затоа што има добри и лоши страни за споделување на креветог со милениче со четири нозе.
Позитивните работи според лекарите се: спиењето со куче има позитивен ефект врз вашето ментално здравје. Нивото на хормонот окситоцин, кој е одговорен за емоционална врска, се зголемува, а секрецијата на кортизол – хормон на стрес – се намалува. Блискоста што се чувствувате кога сте близу кучето го намалува крвниот притисок, го намалува стресот и депресијата. Покрај тоа, пријателството меѓу вас и вашето куче станува посилно, а со тоа се намалува чувството на осаменост.
Негативни страни: креветот ќе биде полн со влакна, а покрај нив, кучето може да донесе разни паразити, прашина и бактерии. Со текот на времето, поради ова може да развиете астма и разни алергии. Исто така, тие многу лесно можат да пренесат габична инфекција која може да ви предизвика проблеми со кожата. Она што дефинитивно треба да го направите пред да го пуштите вашето куче во кревет е да ги земете предвид неговите навики за спиење, хигиена, здравје, карактер и однесување. На пример, ако вашето куче ‘рчи, тоа ќе му смета на вашиот сон. Исто така, не би било лошо да се консултирате со лекар пред да ја создадете оваа навика.