H2O е важен дел од негата на убавина, но водата од бањата може негативно да влијае на нашиот тен. Затоа, париските жени се мијат со мицеларна вода, а јапонските жени со минерална вода
Одењето во кревет без да се отстрани шминката е еден од најголемите гревови во нашите краишта кога станува збор за убавина, но дали знаете кој е гревот над гревовите кај азиските жени опседнати со совршен порцелански тен? Миењето на лице со обична вода! Инфлуенсерките за убавина во Кореја и Јапонија користат мицеларна вода или, дури и почесто, минерална вода наместо вода од чешма, а нивниот избор го објаснуваат со фактот дека водата од чешма има pH вредност од 7, додека пак минералната вода има иста pH вредност како и нашата кожа (5,5) и не ја иритира нити ја суши.
Но тука е и магична моќ на меурчиња: газирана вода наводно ги чисти нечистотиите од порите многу поефикасно.
Парижанките пак, од друга страна,ја избегнуваат обична вода од чешма со користење на мицеларната вода. Зошто? Иако е безбедна за пиење, токму сите овие хемикалии и минерали кои и се додаваат на неа за да квалитетна за конзумирање, се потенцијално штетни за кожата. Истите метали и хемикалии што се акумулираат во тушот, исто така, се акумулираат на нашата кожа, затнувајќи ги порите и предизвикуваат воспалителни процеси и црвенило. Хлорот може негативно да влијае на природната масност и хидратација на вашата кожа, така што доколку забележите ненадејни проблеми со кожата, обидете се да ја замените водата од чешма со мицеларна или минерална вода неколку недели.