Колку секс е доволно? Експертите го споделија своето мислење!

popara6 јули, 20201min00
секси

Истражувањето спроведено од Универзитетот во Торонто открива дека постои поврзаност помеѓу сексот, барем еднаш неделно, и количината на среќа.

Доколку во моментов сте во врска, природно е да се запрашате колку често другите парови имаат секс. Она што е корисно да се знае е дека не постои стандард за сексуална зачестеност.  Сексологот Џес О’ Рејли вели тоа зависи индивидуално од секоја личност.

Покрај тоа, кога сте сте под стрес, сосема е нормално да не ви е до секс, но и ако сакате да го подобрите сексуалниот живот, нема ништо лошо во тоа. Всушност, голема е веројатноста дека колку повеќе секс имате толку сте посреќни во врската.

“Се чини дека сексот еднаш неделно е доволен за да се одржи врската и да се зголеми среќата. Но, ако сакате да имате повеќе секс, треба да зборувате за тоа со партнерот”, додава О’ Рејли.

Податоците од истражувачкиот тим велат дека луѓето на возраст од 29 години имале секс околу 112 пати годишно, што е приближно двапати неделно. Двојките на возраст меѓу 30 и 39 години признаваат дека имаат секс 86 пати годишно. Луѓето на возраст над 45 години имаат секс еднаш неделно.

„Некои луѓе имаат среќни врски, а немаат секс. Постојат луѓе кои имаат помала желба и тоа е сосема нормално“, вели таа.

Важно е да се знае дека сексот ја ослободува напнатоста во односите. Колку почесто имате секс и колку сте поотворени едни кон други, толку е поголема веројатноста да комуницирате со партнерот за вашите сексуални фантазии и желби.

Сепак, само затоа што не водите љубов секоја вечер, не значи дека не сте среќни.

„Не чекајте да се совпаднат вашите расположенија, само прашајте го вашиот партнер што сака“, рече О’ Рејли.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag