Анкетата спроведена меѓу парови кои „работеле на бебе“ покажала интересен број, колку сексуални односи се потребни во просек пред да појави позитивен тест за бременост.
Кога станува збор за времето кое во просек е потребно за да дојде до зачнување, мислиме на бројот на циклуси што треба да поминат кога паровите „работат на бебе“. Можеби не сте размислувале за одреден број на сексуални односи, иако сте свесни дека сигурно не станува збор за секс еднаш месечно.
Според анкетата спроведена од Channel Mum, повеќето парови имаат многу сексуални односи пред конечно да видат позитивен тест за бременост. Во истражувањето биле опфатени 1.194 родители, а според нивните одговори заклучокот е дека паровите имаат сексуален однос 78 пати!
Кога „работат на бебе“, повеќето парови не чекаат само плодни денови. Во просек, тие имаат сексуални односи 13 пати месечно, при што половина од паровите велат дека сексот е многу почест кога се обидуваат да зачнат бебе. Само една третина од жените изјавиле дека ги чекаат плодните денови, а околу 18 проценти од жените признале дека ваквите обиди се нешто што “мора” да го направат.
Додека на повеќето од испитаниците им било потребен голем број обиди, имало и такви на кои им успеало од прв пат. Пет проценти изјавиле дека забремениле после само еден сексуален однос. На останатите не им било толку лесно. Една од 16 жени дури и зимала годишен одмор кога активно работела на забременување. Кај една третина од паровите вклучени во анкетата, до зачнување дошло уште во првиот месец, а приближно на еден од пет парови им било потребно и до една година.
“Иако се смета за несреќен, изгледа дека бројот 13 е среќен за паровите на кои им требало само еден месец за зачнување. Работата на бебе може да биде забавно, но исто така е заморно, стресно и не секоја двојка има среќа да успее во својата желба. Па запомнете, ако сте фокусирани на бебиња, не заборавајте да уживате со вашиот партнер “, рече основачот на Channel Mum, Сиобан Фригард.