Игор Којиќ одговори на честитките на Северина за неговиот 33-ти роденден. Пејачката му посака на својот сопруг среќен роденден со поставување на нивна заедничка фотографија, а тој одговори со коментар.
„Велат дека „годините на Исус“ се најсреќни. Благодарам, љубов “, напиша Којиќ и додаде срце. Неговиот коментар го лајкнаа скоро 600 луѓе за кратко време.
„Среќен 33 роденден на ова прекрасно машко суштество! Среќно, љубов“, напиша Северина вчера, изненадувајќи ја јавноста, која со месеци објавува дека бракот им заврши.
За потсетување, Северина и Игор не беа видени заедно во јавност последните неколку месеци. Којиќ минуваше време во куќата на неговите родители во Белград, а пејачката одмораше во родниот град Сплит.