Конечно хотел во кој луѓето можат да престојуваат само со најдобрите пријатели!

popara14 мај, 20201min00
61801371-ceridwen-centre

Конечно хотел во кој луѓето можат да престојуваат само со најдобрите пријатели!

До шест посетители може да спијат во автобусот кој има простор предвиден за дневен престој, кујна и тоалет, но пред да букираат, треба да земат во предвид дека во околината нема нешто премногу што да се прави…

Во западен Велс, во идлична природа, се наоѓа единствен хотел – препознатлив “double decker”. Двокатниот автобус е еден од најпрепознатливите симболи на Лондон, Велика Британија.

По лондонските улици, првиот ваков автобус почнал да се движи уште во 1829 година. Тогаш тој изгледал значително поразлично од овој кој нам ни е познат денес. Имал 22 места за седење, бил влечен од коњи и само најмоќните граѓани можеле да си дозволат возење.

Од тогаш поновиот, но и понатаму застарен модел од 1964 година Leyland Titan двокатен автобус, послужил како инспирација за сместување, и сега е поставен сред фармата на Ceridwen Centre на која се одгледува органско овошје и зеленчук. До максимум шест посетители може да спијат во автобусот кој има простор предвиден за дневен престој, кујна и тоалет.

Освен “glamping” (кратеница за галмурозен кампинг:), гостите немаат премногу избор на активности со кои може да се забавуваат во околината, па ако се одлучите за сместувањето на Ceridwen Centre, бидете сигурни дека сте тргнале на пат со сопатници кои како и вас, бараат мир…и најважно, со кои добро се согласувате.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag