Не помина многу долго откако тој по ТРЕТ пат рече дека ќе се пензионира, а веќе стигна вест дека ММА борецот ќе влезе во светот на ријалити шоуа.
Ирецот Конор Мекгрегор пред неколку дена, по трет пат во својата кариера најави дека оди во пензија.
Поранешниот шампион во две тежински категории постираше твит дека се повлекува по неколку моменти откако заврши одличниот UFC 250.
Кратко по овој твит стигна и изјава од директорот на UFC Дејн Вајт, односно кратка пцовка „Ме боли к…“, но и објавата на британските медиуми дека тој навистина влегува во ријалити.
Ирецот ќе биде дел од екипата на новата сезона на ријалити шоуто „Јас сум селебрити, извадете ме одовде“, во кое познати личности „преживуваат“ во џунгли и учествуваат во игри на издржливост во кои најчесто јадат бубачки или пуштаат змии да лазат по нив.