Корона вирусот и новиот нормален живот – дали епидемијата ќе не научи подобро да патуваме низ светот!?

popara3 јули, 20202min00
travel

Бидејќи патувањaта на одмори се масовно откажани, глобалната пандемија може да ни даде шанса да научиме како да патуваме малку поодговорно, помагајќи им на локалната економија и животната средина.Што ќе се случи со нашите патувања за време на пандемијата? Светската организација за туризам на Обединетите нации (UNVTO) предвидува дека ќе има 850 милиони до 1,1 милијарди помалку меѓународни туристи оваа година.Загубата на приходите од глобалниот туризам се проценува помеѓу 910 милијарди и 1,2 трилион долари.

Патувајте во вашата татковина

Бидејќи многу влади решија да ги изолираат странските гости, а ограничувањата за движење ќе продолжат во некаква форма и во блиска иднина, локалните дестинации сега изгледаат како привлечна опција. Д-р Хејли Стајнтон, блогер за патувања и професор за управување со туризмот во високото образование во Велика Британија, смета дека луѓето сега се повеќе склони кон руралните одмори „затоа што биле во затворен простор и почнале повеќе да ги ценат отворените простори во природата“

„Во земји како САД, Индија и Австралија, кои се огромни и имаат разновидни дестинации и атракции, поттикнувањето на луѓето да одат на домашни патувања веројатно не е голем проблем.Но, во помалите земји како Велика Британија, луѓето ќе доаѓаат во голем број во  местата кои не се навикнати да примаат толку голем број на луѓе.Да го земеме на пример Чедар Горџ на југот на Англија, тие имаат туристи секоја година, но не до тој степен. Со сегашниот прилив на луѓе, сите патишта се запушени со автомобили, тие немаат капацитет да се справат со тоа.“ –рече таа.

„Кога станува збор за патување, имате два типа на луѓе“, вели Ноел Салазар, Имате луѓе кои се надеваат дека сето ова ќе заврши наскоро и дека ќе можеме да се вратиме на старо, а вие имате луѓе кои ова го гледаат како можност за размислување и промени“.

Истражувајте повеќе

„Што ако ја промениме целата идеја за патувањето?“, Вели Дајанита Синг, уметник и фотограф со Њу Делхи.

“Да речеме дека сакам да ја поминам следната недела во Венеција а бидејќи знам дека не можам да одам таму,  можам да направам свој фестивал дома со сите филмови, фото-албуми и музика. Наполнете се со искуството од тоа место. Направете колку што е можно повеќе истражувања. Можеби нема да можете да одите сега, но кога конечно ќе стигнете таму, ќе бидете многу повеќе информирани за самото место за време на вашиот престој”.  Астин Франсис, извршен директор на туристичка агенција во Велика Британија, се согласува дека нашите патувања започнуваат дома. „Иако списокот на десет најпопуларни дестинации на советникот за патувања е корисен до негде, можете и вие самите едноставно да ги проширите вашите истражувања“, вели тој.

Платете однапред

Со очекуваната рецесија и заканата од невработеност, луѓето кои се соочуваат со финансиска криза нема им биде приоритет да планираат одмор.Кајвери Намбисан е доктор на локална заедница во Карнатака, југозападна Индија. Луѓето кои доаѓаат на нејзината клиника најчесто немаат пари за патување.„Тие едвај составуваат крај со крај“, вели таа.

 Ноел Салазар се плаши дека нееднаквостите што постоеја уште пред пандемијата сега ќе станат уште поизразени.„Сега ќе видите дека луѓето со најмногу ресурси, секако, први ќе отидат на патувања, а оние кои и онака веќе имаа тешкотии да одат на одмор и да го одведат семејството во ресторан,ќе се соочат со уште поголеми финансиски проблеми.“

Прашајте ги домаќините

„Треба да започнеме да го прашуваме локалното население каков туризам би сакале да имаат во својата татковина“, вели Џастин.

.”Ако не можеме да најдеме начин да го намалиме нашиот отпад од јаглерод, ќе се соочиме со последиците – ќе избувнат поплавите, јужна Европа ќе стане премногу жешка во текот на летото, другите места ќе станат понепредвидливи во однос на поплавите, дождот и временските услови.“-вели тој. Д-р Хејли Стајнтон вели дека е оптимист.”Луѓето видоа животни кои се враќаат во одредени области каде што не биле долго време, исто така и загадувањето е намалено”- вели таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag