Сите го знаеме она чувство: влегувате во соба со некоја намера и тогаш застанувате, збунети и малку дезориентирани, сфаќајќи дека потполно сте заборавиле што сте сакале да направите.
Мозокот може да задржи одредена количина на информации одеднаш, а промената на локација функционира како прекинувач за отфрлање на некои податоци за да се направи место за нови.
Откако започна пандемијата, на многумина им се случува ова. Исто така луѓето јавиле проблем со неможноста да се концентрираат на било што. Продуктивноста е во драстичен пад. Одеднаш, потребен е многу поголем напор да се направи било што.
Нежна концентрација
Она што навистина се случува е откажување на работната меморија: способност да се прифати дојдовната информација, да се формира во кохерентна мисла и да се задржи доволно долго за да се направи со неа она што е потребно.
Работната меморија е способност да се резонира во реално време и таа е голем дел од она што го прави човечкиот мозок толку моќен.
Но истражувањата покажале дека рапидно променливите околности, грижата и анксиозноста можат да имаат значајно влијание на нашата способност за концентрација.
Кога имате некое акутно анксиозно искуство, на пример некој кога ве претекнува од позади, или ќе ве исплаши куче во мрак- тоа значи дека може да имате проблем да се присетите на неговиот изглед.
Продолжената стресна ситуација исто така може да влијае лошо на вашата меморија заради што и најпростите задачи ќе ви се чинат потешки од било кога.
Долгиот период на анксиозност може да предизвика и несоница, а тоа е добар начин да се намали работната меморија.
Проблемот со работната меморија може да настане и од когнитивниот товар кој го преоптеретува капацитетот на вашиот мозок. Дури и простите когнитивни процеси како правење список за купување сега бара поголема енергија на мозокот.
Корист за мозокот?
Добрата вест е дека можете да ја вежбате работната меморија.
Постојат многу игри за мозок, но играњето не прави ништо друго освен што станувате подобри во таа игра.
Една конкретна вежба по име Н-назад покажува потенцијал.
Задачата на Н-назад е како класична игра “Меморија” во која играчите мораат да најдат пар карти кои се поклопуваат.
Но наместо парови тука е само еден предмет кој се движи по таблата налик координатна мрежа. Играчите мораат да ја запомнат положбата на предметите низ одреден број на движења- 1 назад, 2-назад и така натаму. Играњето на оваа игра можеби нема многу да ви помогне, но ќе ве ослободи од напнатоста.
Но можеби најефикасната работа која можете да ја направите е да се убедите себе дека е во ред да патите.