
Танцување со мисирка на главата е препознатлива сцена од серијата „Пријатели“. Го изведе Моника, или Кортни Кокс. Токму таа реши да го повтори за Денот на благодарноста и да се снима себеси со цел да испрати честитка и да ги насмее нејзините пријатели и обожаватели.
Ова видео го објави на Инстаграм и предизвика бројни реакции.
“Се чувствувам многу благодарна. Но, ако видам мој GIF со мисирка на главата како танцувам како будала, ќе пукнам”, се пошегува Кокс на видеото.
Сепак, таа подоцна покажа клип од видеото како танцува со мисирка на главата.
„Бидејќи сум симбол на Денот на благодарноста, ве молам, се надевам дека ќе ве направи среќни“, им рече таа на обожавателите.