Англија е една од државите кои во март оваа година ги затворија границите што доведе до рестриктивни мерки и ограничено движење на луѓето со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.
Тоа во голема мерка влијаеа и на економскиот прилив на финансии од туристичкиот сектор, а мегу погодените е и кралската палата. Воедно дел од приходите на кралското семејство се базира на посетата на странските туристи на Бакингам, а проценка е дека таа сума изнесува околу 20 милиони евра.
Покрај губитокот на финансии, епидемијата влијаеше и на календарот на кралицата за настаните кои требало да ги посети до 2020 година.
- Не можеме ништо да планираме бидејќи не знаеме што ќе се случува – ијавил извор од весникот The Sun.
Лордот Чемберлен Ерл Пил, инаку управител со кралските имоти, предупредил дека приходите на круната ќе се намалат за дури една третина односно 20 милиони евра и поради ова може да се случи во најмала рака платите да се замрзнам а дури и да дојде до отпуштања.
- Кризата веќе ја тестираше нашата издржливост, моќта на прилагодување и подотвеност на повеќе нивоа во нашата организација. Меѓутоа влијаеше и на дел од активностите кои се одвиваат на кралскиот имот. Иако делува дека пикот на епидемијата помина сепак и понатаму останува неизвесноста до кога ќе бидат на сила мерките за заштита од вирусот.
- Мора да претпоставуваме дека ќе поминат недели ако не и месеци пред да се врати ситуација во нормала како порано. Без сомневање не чекаат тешки времиња и разбираме дека многу од вас се загрижени.