Кралицата нема да ја исполни последната кралска желба на Хари

popara8 јуни, 20201min00
ртртрт

Принцот Хари и Меган Маркл се ослободија од сите кралски должности на свое барање на крајот на март, но Хари не сака да се откаже од она што најмногу го сака, пренесува „Мирор“. Имено, познато е дека најмладиот син на покојната принцеза Дајана во младоста служел во британската армија и научил да лета со хеликоптер, па токму затоа кралското семејство го назначил за церемонијален шеф на Кралските маринци. Но, иако го напуштил кралското семејство, Хари е официјално сè уште на чело на маринците, и тој многу би сакал да остане со тој чин. Сепак, кралицата нема да му ја исполни желбата.

Имено, по заминувањето на Хари, неговата воена функција беше „замрзната“, а кралското семејство рече дека постои шанса таа да биде продолжена „по еден период на разгледување“. Братот на принцот Вилијам се надеваше дека семејството ќе се сожали и ќе го врати на работното место, и дека ова беше голема желба го потврди и поранешен војник кој учествуваше во „Игрите на Индиктус“, годишните воени игри што се одржуваат под покровителство на принцот Хари.

Но, се чини дека кралицата нема намера да биде милостива кон него затоа што има намера наскоро да назначи нов шеф на маринците, а тоа најверојатно ќе биде нејзината ќерка, принцезата Ана. Самите кралски маринци нема да бидат задоволни од оваа одлука. Еден од нив изјави за „Дејли Мирор“ дека „Хари бил одличен во таа функција, војниците можеле да се поврзат со него и тој бил многу популарен меѓу нив, меѓу другото затоа што ја сфаќал својата должност многу сериозно“. Да потсетиме, Хари беше назначен на оваа позиција во 2017 година, откако принцот Филип поднесе оставка од неа, по цели 64 години.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag