Зад нив е турбулентен период, може да се каже најбурниот во животот. Очите на целиот свет се насочени кон нив откако направија скандал и решија да се откажат од кралските должности, но и да ја напуштат земјата и да започнат нов живот далеку од луксузот и сите привилегии. Сепак, најпознатата кралска двојка во светот, родителите на едногодишниот Арчи, се соочуваат со многу посреќен период. Имено, таблоидот „Нова идеја“ пишува дека парот наскоро ќе има друго дете, а Меган ја крие бременоста од јавноста.
Имено, споменатите медиуми се убедени дека Меган и Хари наскоро ќе имаат ново бебе, кое се обидуваат да го сокријат. Главниот аргумент е фактот дека Меган не го напушта нивниот дом во Лос Анџелес, сè со цел љубопитната јавност да не ја забележи нејзината бременост. Покрај тоа, Меган, наводно, се обидува да ја скрие бременоста со тоа што носи поширока облека.
Сепак, таа сè уште не сака да ја сподели среќната вест со остатокот од кралското семејство. – „Меган знае како ќе испадне целата ситуација, докулку кралицата и двајцата идни кралеви ја дознаваат веста кога ќе ја дознае и остатокот од светот и токму така сака и да биде. Тоа ќе биде директна порака до кралското семејство дека Меган и Хари ги отфрлиле сите правила“ – изјави извор близок на семејството.