Криси Тајген откри дека нивното семејство се соочува со уште една загуба

10 декември, 2020
chrissy

За жал, тие веќе знаат како да се справат со ваквите вести

Секоја личност ја поднесува загубата на различен начин. Додека тагата за некои го зафаќа секојдневието, други веќе се учат како да се справат со такви ситуации. Оваа втора група ја вклучува поранешната манекенка Криси Тајген и нејзиното семејство. Иако ништо не може да се спореди со неодамнешното губење на трето дете кое го зачна со пејачот Џон Леџенд, таа сподели преку социјалните мрежи дека миленичето на нивната ќерка Луна, хрчакот  Peanut Butter, починало.

Неочекувано, таа одговори преку Твитер, каде што отсекогаш била активна: „ Peanut Butter, нашиот хрчак почина“. Набргу по таа објава, фановите ја контактираа за да ја поддржат. Сепак, брзо даде до знаење дека сите се добро, особено Луна чие домашно милениче беше  Peanut Butter. „Ние сме навистина отворени кога станува збор за животот и смртта. Сите овие се моменти кои нè учат нешто, а Луна ни го покажува тоа продолжувајќи да зборува за нејзиниот покоен брат Џек, гордо напишала.

Додека некои чекаат долго да добијат ново милениче, ова семејство чекаше неколку недели и доби нов хрчак, именуван по неговиот претходник. Исто како и сите членови на семејството и тој си доби божиќна платнена чизма.

Ова тврдење дека тие се справуваат добро, колку толку, со загубата, беше прикажано неодамна, кога беше објавено видео од четиригодишното девојче кое разговара со нејзиниот починат брат.

„Во нашиот дом сме многу отворени за теми за животот, смртта, тагата, сè. Се обидуваме на децата да им објасниме сè на убав, духовен и директен начин. Знам дека ова е чудна објава, но сакав да кажам дека мојот живот е неизмерно подобар и полесен поради Луна, која е неверојатно емпатична, како да е вистинска мини јас. Ни недостасува Џек, многу“, напиша тогаш Криси, која исто така има и двегодишен син Мајлс.