Mногумина не веруваат дека Криси ги извадила силиконите од градите, па решила да покаже како изгледаат по операцијата. Манекенката сподели фотографија од болницата со своите следбеници на Инстаграм, како и кратко видео во кое се гледаат лузните на нејзините гради.
„Моите пријатели постојано ми кажуваат дека луѓето не веруваат дека се ослободив од силиконите. Ова се лузните“, вели таа во видеото.
„Верувајте ми“, напиша таа во описот на фотографијата од операцијата.