Култна икона чија смрт остана тајната – да беше жива, Мерлин Монро денеска би имала 94 години

popara3 јуни, 20201min00
imageedit_93_2269433472

Најпознатата глумица на светот е родена како Норма Џин Мортенсон на 1 јуни 1926 година, а почина на 4 август 1962 година во 36-тата година од животот. Беше глумица, модел и пејачка, а до ден денеска е запаметена како култна икона.

Таа беше една од најконтроверзните жени на 20 век, поврзувана со многу моќни мажи од Соединетите држави, но запаметена како една од најубавите глумици во Холивуд. Откако се појави на екраните, глумицата стана симбол за сексапил и сензуалност. Таа беше врвна глумица само една деценија, но сѐ до нејзината смрт филмовите во кои глумела заработиле 200 милиони долари, што е еквивалент на денешни 2 милијарди долари. Повеќе од половина век подоцна, таа е една од најкултните глумици и легенда која и понатаму живее за своите обожаватели.

Монро е родена пред точно 94 години во Лос Ангелес и со само 16 години се омажила за Џејмс Доерти. Кога нејзиниот маж заминал на фронтот од војната, почнала да соработува со “The Blue Book Modeling Agency”. Се офарбала плава и се појавила во неколку магазини на насловните страници во костим за капење. Претходно, до 16 години работела во фабрика за падобрани. Набрзо потоа ја приметил Бен Лион, претставник на “20th Century Fox” кој и понудил 6 месечен договор.Таа се разведува и го потпишува договорот и го зема уметничкото име Мерлин Монро, по глумицата Мерлин Милер со која често ја споредувале. Првата улога ја има во 1947 во филмот “Опасни години” каде глуми келнерка.

После неколку филмови таа станува вистинска звезда во 1953 со филмот “Нијагара”. Со филмовите “Џентлемените преферираат плавуши” и  “Како се омажив за милионер” ја добива титлулата на “глупава плавуша”. Истата година се појавува на насловната страна на ” Плејбој” со фотографии кои ги има направено претходно. Освојува златен глобус со филмот “Некои тоа го сакаат жешко”.

И со својот приватен живот, Монро привлекувала внимание. Била интелигентна личност, иако многумина ја знаат само по нејзиниот изглед, а се борела и со зависност, депресија и анксиозност. Нејзините бракови со бејзбол звездата Џо Димаџио и со музичарот Артур Милер биле детално следени од медиумите. И двата брака завршуваат со развод. Многумина сметаат дека имала и љубовна афера со Американскиот претседател Робер Ф. Кенеди. Снимката на која Мерлин во видно алкохолизирана состојба му пее на Кенеди “Среќен роденден господине претседателе” на прославата на неговиот роденден во 1962 година и до ден денеска е пуштана во медиумите.

Само 3 месеци подоцна, пронајдена е мртва во нејзиниот дом во Калифорнија. Извештајот вели дека починала од прекумерна доза на барбитурат, но многумина сметаат дека во нејзината смрт е лично вмешан американскиот претседател.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag