Купка од зелен чај: Идеален начин за опуштање после напорниот ден

popara19 јуни, 20202min00
Annotation 2020-06-19 140358

Придобивките од зелениот чај се многубројни, па луѓето со години го користат на различни начини

Ретко кој рецепт е подобар за опуштање од топла купка и чаша вино после долг и напорен ден.

Купките имаат терапевтско дејство на многу начини, од веќе споменатиот релаксирачки ефект со кој го одмараме умот, па се до лечењето на болка во муслкуите.  

Зелениот чај важи за лековита билка повеќе од 5.000 години благодарејќи на бројните драгоцени состојки како што се витамините А, Б1, Б2, Б3, Ц, Е и К. Во спој со калиум, калциум, цинк, железо, флуор и фитохемиски компоненти, претставува вистински ојакнувач на здравјето.

Билните материи во зелениот чај ги чуваат клетките од штетното влијание на слободните радикали – некои студии дури укажуваат и на ефекти против стареење. Неговиот кофеин влијае ојакнувачки, додека танините ги смируваат желудникот и цревата и ги стеснуваат порите.  

Зелениот чај може да ја засили блескавоста и одвнатре и однадвор. Како основа на многу природни козметички рецепти тој обезбедува свеж изглед, сјаен тен и здрава, блескава коса.

Покрај пиењето на чајот, и купката од зелен чај е одлична за вашата кожа, еве и зашто:

Кожата е нашиот најголем орган и нејзината најважна функција е да го штити организмот од разни болести, но и од штетните материи во опкружувањето, од UV зраците. Познато ни е дека што и да ставиме на нашата кожа таа го впива, таа реагира со тие супстанции. Веруваме дека сега не ве чуди зошто зелениот чај е добар за купка.  

За да ја направите оваа купка потребни ви се 6 вреќички зелен чај, кои треба да ги ставите во када наполнета со многу жешка вода на 10 до 20 минути. Водата ќе добие златно кафена или темно кафена боја, а тоа значи дека антиоксидантите и витамините “преминале” од чајот во вашата купка.  

Извадете ги вреќичките чај и подесете ја температурата на водата (додајте ладна вода доколку е потребно). Можете да додадете и половина шолја маслиново масло во кадата. Тоа содржи антиоксиданси, кои можат да ја омекнат вашата кожа и особено е добро за оние со сува кожа.

Опуштете се во вашата чајна купка барем 30 минути.

Истражувањата укажуваат дека зелениот чај може да помогне и во спречувањето на појава на рак на кожата. Танините во чајот не само што можат да ги излечат изгорениците и да запрат крварење, туку и да спречат инфекција. Природните антисептички својства на овој помагаат за ублажување на отоци и чешање, но и кај хемороиди, угризи, осип и акни.

На истиот начин можете да направите и купка за стапала, секако, само со помали количини чај и вода.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag