Производителите препорачуваат дека откако ќе се испразни кутијата со сладолед мора задолжително да се фрли во ѓубре.
Семејните сладоледи за целото семејство се практични, но откако ја испразните пластичната кутија немојте да ја користите за замрзнување храна или чување зготвено јадење или ужина.
Имено, повторната употреба на кутијата ги носи следните опасности, а за сето тоа е виновна пластиката.Празните пластични кутии со сладолед можат да пренесат хемикалии во храната, како што се УВ стабилизатори, омекнувачи или супстанции кои се наоѓаат во пластиката – предупредуваат експертите.
Опасноста дополнително се зголемува кога ќе ги измиеме кутиите со врела вода, ќе ставиме храна во нив што е со различен состав од сладоледот која може да ја „кородира“ пластиката, или ако ја загреваме храната во тие кутии во микробранова печка.
Затоа, подобро е да купите специјални пластични садови изработени од специјална пластика која е безбедна за чување храна и која можете да ја користите постојано.