Фамилијата на Софија Ричи, вклучувајќи го нејзиниот познат татко Лајонел и постарата сестра Никол, биле незадоволни од врската со Скот Дисик пред тие да раскинат, вели близок извор на парот.
Нивното мислење имало голем удел во проблемите на парот, а по прекинот Софија поминувала повеќе време со постарата сестра Никол, потврдува изворот за списанието Us Weekly.
Модната дизајнерка Никол никогаш сосема не ја одобрувала врската на помалата сестра Софија, но таа имала само добри намери, да ја заштити сестра и.
Магазинот Us Weekly потврди дека на 27ми мај Софија и Скот Дисик прекинале со врската после скоро 3 години заедно. Некое време пред раскинувањето, Дисик бил во центар за рехабилитација во Колорадо, но морал да го прекине третманот бидејќи било постирано видео од него внатре во институцијата.
Софија и Скот потоа направиле пауза од врската, со внатрешен извор потврдувајќи дека тоа го направиле заради Скот, на кого му требало време да го подобри менталното здравје и себеси, и да се покаже добро пред Софија.
По прекинот, изворот исто така потврдува дека ќерката на познатиот пејач е „тажна, но се обидува да се грижи за себе“.
„Врската на Скот Дисик со неговата бивша, Кортни Кардашиан, сеуште е дел од неговиот живот, и пречка во врската со Софија Ричи. Тој секогаш ќе биде вљубен во Кортни и тоа е нешто со кое таа морала да се соочи уште пред тие да бидат заедно. Очигледно е дека Скот секогаш ќе ја става неговата фамилија на прво место“, вели инсајдерот.