Поранешниот апсолутен шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, со посебна видеонајава го потврди враќањето во боксерскиот ринг.
Тајсон на 28 ноември ќе ги вкрсти ракавиците со уште една боксерска легенда, Рој Џонс Јуниор и покрај загриженоста поради растот на бројот на позитивните случаи на корона вирусот.
Мечот во Калифорнија требаше да се одржи во септември, но Тајсон одлучи да го одложи за да има делумно присуство на публика и да се зголеми интересот за преносот.
Мечот е предвиден да биде во осум рунди и нема да се бројат поени, туку до победа ќе се дојде само со нокаут.