Лејди Гага секогаш привлекуваше внимание со своите комбинации на облека, но претежно сценските, во нејзините настапи, но во последните денови беше во центарот на вниманието заради оние што ги избира за релаксирани прошетки со своето момче Михале Полански. 34-годишната ѕвезда не ги соблече тесните хеланки и градникот во кои одеше и излезе на вечера, а полна со самодоверба покажа неколку вишок килограми што ги „наталожи “ во карантин. Сега конечно реши да ги смени комбинациите за облека и успеа повторно да ги шокира сите со најновата. Имено, Гага реши да прошета со своето омилено ладно кафе само во розова маица со долги ракави, под која можеше да се видат само црните контури на нејзината долна облека, па можеме да кажеме дека таа не носеше скоро ништо под тоа.