Откако објави спектакуларно враќање со хитовите „Stupid Love“ и „Rain On Me“, Лејди Гага го издаде шестиот студиски албум „Chromatica“. Станува збор за материјал кој има 16 песни, а за време на разговорот во шоуто „Beats 1“ на „Apple Music“ Гага се отвори и зборуваше за нејзиниот приватен живот, откривајќи дека креацијата „Chromatica“ е форма на терапија за неа.
– Знам дека се борам со зачувување на менталното здравје и дека овие проблеми понекогаш не ме прават функционална, но тоа го прифатив. Се простив за сите начини на коишто сум била казнета затоа што се чувствував како да не сум доволно добра – рече таа, објаснувајќи ја причината зошто симболот на албумот е синусоидален:
– Тој е симбол за звук, а звукот е она што секогаш ме лечи. Создавањето музика ми помогна да се справам со траумата долги години и тоа е во фокусот на „Chromatica“.
Една недела пред објавувањето на албумот, Гага ја претстави на публиката песната „Rain On Me“, создадена во соработка со Ариана Гранде, а покрај неа, во албумот се најдоа и Елтон Џон и К-поп, како и групата Блекпенк. Гага учествуваше и во организација на хуманитарниот онлајн концерт „Еден свет: Заедно дома“, на кој учествуваа Били Ајлиш, Пол Мекартни, Ролинг Стоунс, Селин Дион и многу други. Настанот собра скоро 128 милиони долари и беше дониран за борба против коронавирусот. Иако лајтмотивот на „Chromatica“ е губење на љубовта, албумот е полн со танцова енергија за која пејачката вели:
– Повторно правам албум за танцување. И танцот е мој и јас го заслужувам тоа. За сè што минав, не мора повеќе да чувствувам болка. Тоа е дел од мене и продолжувам понатаму.