Лекарите предупредуваат на опасност која го зголемува ризикот за смрт од Ковид-19

popara1 август, 20201min00
korona s

Дебелината го зголемува ризикот од бројни болести, па дури и смртноста од Ковид, покажа новата студија на британскиот институт за јавно здравје.

Извештајот покажува дека прекумерната дебелина може да доведе до потешка форма на болеста, а ризикот е поголем за фатален исход.

Тековните докази не потврдуваат дека дебелите луѓе се поподложни на добивање на болеста, но тежината го отежнува третманот и доведува до потешки форми на болеста.

Една студија покажа дека луѓето со индекс на телесна маса БМИ од 35 до 40 имаат 40 проценти поголем ризик од смрт од Ковид-19, во споредба со оние кои не биле дебели, а дури за 90 проценти повисоки кај оние со БМИ поголем од 40. Индексот на телесна тежина над 30 се смета за дебелина.

Дебелината влијае и на респираторниот систем, како и на имунитетот на организмот, што секако ја намалува отпорноста на организмот во борбата против инфекцијата.

Лекарите предупредуваат дека дебелината го зголемува ризикот од потешки форми и други сериозни болести, не само од Ковид.

Иако не е лесно да се изгуби телесната тежина, лекарите велат дека заканата од Ковид е повеќе од силна причина луѓето да одлучат да го преземат тој чекор.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma