По Доминик Темим и Михаил Јужни, Гуидо Пела е новиот тенисер кој се спротивстави на иницијативата на Новак Џоковиќ.
Тој сака најдобрите 100 играчи на ранг-листата на АТП да им помогнат на пониските ранг тенисери кои останаа без приход за време на присилната пауза поради пандемијата на коронавирусот, така што во фондот за помош треба да уплатат износи во согласност со нивната позиција во Топ 100.
„Повеќето од нас не можат да се споредат со Новак, Раф или Роџер во однос на финансиската состојба, кои заработија над 100 милиони долари во своите кариери (Џоковиќ 143 милиони долари) и тие навистина немаат проблем да бидат хуманитарни со давање 30 илјади долари во фондот. Убаво е да се помогне, но нема смисла вака. Покрај тоа, ниту еден тенисер не гладува. Попрво би им помогнал на моите сограѓани кои се гладни и умираат. Во оваа ситуација, важно е итно да им помогнеме на овие луѓе, а не на спортистите“, порачува Аргентинецот, 35. играч на рангот на АТП кој заработил 4,5 милиони долари во својата кариера.
Пела користи конкретни примери за да покаже зошто предлогот на Џоковиќ е безначаен: „Кристијан Гарин неодамна напредуваше од 60-та до 18-та позиција, но тој е многу кратко и само формално играч на Топ 20, па не може да се смета дека и состојбата на сметкатае на истот ранг. Или Џек Сок, кој е надвор од Топ 200 и затоа би добил помош од фондот, а во својата кариера заработил повеќе од 10 милиони евра“.
Идејата на Џоковиќ е првите пет играчи на ранг-листата на АТП да плаќаат по 30 000 долари, оние на 5-то до 10-то место по 20 000 долари, оние од 10-ти до 20-то место за по 15 000 долари, од 20 до 50-то место 10 илјади долари и оние рангирани од 50-та до 100-та позиција по 5 илјади долари.
На ова би биле додадени одредени износи за најдобри играчи во двојки, потоа АТП и Grand Slam турнири, за да соберат околу 4,5 милиони долари.