Лифт во море: Необична капсула во Германија која го оживува споменот на капетанот Немо

popara18 мај, 20202min00
gondola

За време на турата под површината на морето, која трае 40 минути, посетителите гледаат филмови кои ја покажуваат убавината на коралните гребени, но исто така учат за екосистемот на Балтичкото Море …

На германскиот остров Узедом, вниманието привлекува необична гондола на пристаништето за бродови. Овој необичен морски лифт е прикачен на метален столб висок десетина метри и тежи 27 тони за да може неуморно да се работи од 2006та година, кога ги отвори своите врати за посетителите на идиличниот град на германскиот северен дел. Во кабината, напојувана од електрични мотори, можат да се сместат 26 патници кои можат низ прозорците да следат што се случува под површината.

За време на 40-минутната тура, посетителите гледаат филмови кои ги прикажуваат убавините на коралните гребени, но исто така учат и за екосистемот на Балтичко Море.

На длабочина од 4,5 метри, колку што се спушта гондолата, нема многу да се види – само неколку риби и куп песок.

Tauchergondel е дизајниран од локалниот архитект и инженер Андреас Волф, за кого ова не е единствениот проект од ваков вид, а морските лифтови се планира да бидат инсталирани низ целиот свет.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag