Линиите на зглобот откриваат сè за вас: Проверете колку имате и што значат (ВИДЕО)

popara21 јули, 20202min00
linii

Повеќето луѓе знаат што претставуваат линиите на дланките, меѓутоа, линиите на нашиот зглоб се еднакво важни.

Да бидеме попрецизни, ова се таканаречените „белезица линии“ помеѓу дланката и почетокот на подлактицата.

Секоја од нив има одредено значење, а за да бидете сигурни колку навистина имате, најлесно е да ја свиткате дланката кон подлактицата и линиите ќе бидат јасно оцртани.

Прва линија

Тие велат дека таа е најважна. Ако е јасно разграничена и без прекин, тоа значи период од 23 до 28 години и дека лицето е здраво и е во одлична форма. Ако оваа линија е нејасна или се прекинува, тоа покажува дека лицето не е доволно одговорно и дека може да има здравствени проблеми.

Кај жените, ако линијата е полукружна и свртена кон дланката, или е составена од неколку скршени линии, тоа може да биде показател за гинеколошки проблеми, нередовен менструален циклус или цисти. Ако мажите имаат ваков облик на линија, тоа кај нив укажува на проблеми со простатата.

Втора линија

Јасна и непрекината, втората линија означува здрава личност на возраст меѓу 46 и 56 години. Ако е јасно дефинирана, тоа значи благосостојба и среќа.

Трета линија

Јасно дефинирана и непрекината, означува период од 69 до 84 години, како и слава, влијание и моќ.

Четврта линија

Ако ја немате, не очајувајте, ретко кој ја има. Ако имате четврта линија, која обично е паралелна со третата, таа го означува периодот по 84-годишна возраст, и на неа гледајте како бонус што дополнително зајакнува сè што претставува третата линија.

Погледнете го видеото за значењето на линиите на зглобот:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag