Лоши вести за кралскиот син: уапсената богаташка која ќе ги открие деталите за силување на малолетници во кој е вмешан и принцот?

popara4 јули, 20202min00
kralicata elizabeta

Џислејн Максвел наводно му носела малолентици на покојниот финансиер Џефреј Епстен како и на други бизнисмени.

Џислејн Максвел (58) прифати соработка со FBI и ќе ги открие сите имиња кои се вмешани во искоритување и сексуално силување на малолетни, поради што бизнисмените се во страв, пишуваат странските медиуми

Ќерката на покојниот британски тајкун Роберт Максвел Уапсена е во четвртокот поради сексуална трговија во својот дом во Њу Хемпшир. Џислејн ја чека процедурата на судот во Њу Јорк, бидејќи присилувала малолетнички, некои од нив имале 14 години, на блиските пријатели на Џереј Епстен и други бизнисмени.

Припадниците на британското високо друштво можеби ќе заврши во истиот затвор во Менхетен во кој беше осуден силувачот Џефреј, кои умре во истиот. Максвел може да добие казна од 35 години, што значи дека ќе излезе на 93 години.

Се појави информација дека се врши притисок и на принцот Андреј, кој беше близок пријател со Епстен, но и Џислејн треба да сведочи за се што се случувало во текот на нивното пријателство. Сепак не се знае дали таа навистина ќе го направи тоа.

Вирџинија Роберц Џофре, која го обвини Епстен за сексуално насилство тврди дека имала сексуален однос со принцот Андреј во почетокот на 2000та година. Го прославила уапсувањето на Џислејн и ја нарекла подмолно суштество кое заслужува да биде затворено. Принцот ги негираше нејзините обвинувања и тврди дека не се сеќава како се запознале.

Поранешниот вработен кај Епстен, Стивен Хофенберг изјави за The Sun, дека поранешната девојка на осудениот педофил знае се што се случувало со малолетниците и дека ќе соработува со FBI , и додаде дека многу луѓе ќе загрижи со тоа што ќе го каже.

“Ќе соработува и ќе биде многу важна за уапсување на многу бизнисмени. Принцот Андреј дефинитивно е загрижен.”, изјавил Стивен. Изворите за Daily Mail изјавиле дека Андреј е збунет бидејќи тужителите сакале да разгвараат со него.

Инаку, принцот Андреј е еден од синовите на Елизабета 2. Освен него има и ќерка, принцезата Ана, како и принцовите Чарлс и Едвард.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma